Денес, 14-ти јули 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со полковник Џефри Предмор, Одбранбено аташе на САД во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на полковникот Предмор за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на САД, која се развива на повеќе полиња.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на НГШ на АРМ со новото Одбранбено аташе на САД за Република Македонија, полковник Томас М. Батлер кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.