На армискиот полигон „Криволак“, продолжија вежбовните активности на меѓународната воено полициска вежба „Здружена Реакција-17.
Во утринските часови се започна со контрола на толпа со мешовит состав на вод од воена полиција, од составот на АРМ (вВП/АРМ) и припадници на Националната гарда на Вермонт, САД. Потоа следуваше работа на контролна точка од страна на припадниците на воена полиција од Р. Црна Гора, 18-та воено полициска бригада, САД и припадници од воена полиција од Националната Гарда на Минесота, САД. Во попладневните часови ќе се реализираат останатите активности планирани за тековниот ден, и тоа контрола на воен сообраќај од страна воената полиција, од составот на АРМ (вВП/АРМ) и припадници на Националната гарда на Вермонт, САД. И како последна активност за тековниот ден ќе се одржи натпревар во гаѓање со пиштол со сите претставници од вежбата, каде акцент ќе се даде на натпреварувачкиот дух на учесниците на гаѓањето. Признание за освоено прво место од натпреварот во гаѓање ќе биде доделено на денот на високи гости.
Остатокот од денот беше искористен во сеопфатни подготовки на единиците од земјите учеснички за претстојната вежба по повод денот на високи гости кој е на распоред утре 28.09.2017 година со почеток во 11:00 часот.