Вчера, 12-ти септември, во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста „Началник на Штаб во ЗОК„ и прием на должноста „Заменик на Командантот на ЗОК“.
Должноста Началник на штаб на ЗОК ја прими досегашниот командант на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Стојан Димчов, а досегашниот началник на штаб бригаден генерал Мухамет Рацај извши прием на должноста Заменик на Командантот на ЗОК.
На свеченоста, покрај припадниците на ЗОК присуствуваа и командантите на првопотчинетите единици на ЗОК. По соопштувањето на Указите за поставување, Командантот на ЗОК генерал мајор Методија Величковски истакна дека е тешко во неколку минути да се искаже заслугата и успесите кои го имаат генералите Рацај и Димчов за се што постигнале во досегашната работа на формациските места од кои доаѓаат. Тој му искажа добредојде на началникот на штаб, а на досегашниот началник на штаб му упати благодарност за сработеното на досегашната должност и истакна дека со поставувањата на формациските места уште повеќе се придонесува за исполнувањето на задачите кои произлегуваат од мисијата на ЗОК и им посака успешна и плодна работа на новопоставените формациски места.