Денес и утре во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Ј-1 од ГШ на АРМ, се одржува работилница на тема „Родовата перспектива“. На работилницата учествуваа главните подофицери од ГШ на АРМ и потчинетите команди и единици до ниво на баталјон.
Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со најзначајните аспекти на Резолуцијата 1325 на Советот на безбедноста на ОН донесена во 2000 година, која се однесува на родовата рамноправност од планирање до извршување, на сите нивоа на одлучување, командување и контрола.
На работилницата ќе бидат презентирани теми од доменот на рамноправноста и правата на женската популација во Армијата, како и можностите за градење на кариера.
Обуката ќе ja изведуваат меѓународни сертифицирани инструктори на Министерството за одбрана и АРМ.
Со реализацијата на оваа работилница се дава големо значење на улогата на женската популација во целокупниот живот на АРМ и претставува уште еден чекор кон градењето на свеста кај припадниците на АРМ за еднаквоста помеѓу половите, на сите рамништа.