Денес, 29-ти октомври 2015 година, во рамки на протоколарните средби со дипломатските претставници акредитирани во Република Македонија, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербаг.
Притоа се разговараше за можностите и активностите кои би биле вклучени во Планот за билатерална воена соработка за следната година врз основа на годишниот План за соработка.
Генералот Величковски и амбасадорот Шчербаг истакнаа дека соработката во областа на одбраната е од интерес за двете држави и во тој контекст се разгледуваат можностите за проширување на меѓусебната соработка во однос на стручна обука на персонал и други форми на воено-техничка соработка.
На средбата присуствуваше и одбранбеното аташе на Руската Федерација акредитиран во Република Македонија, морнарички капетан Евгениј Шитов.