Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари проштална средба со полковник Јозеф Виставел, нерезидентно одбранбено аташе на Република Словачка за Република Македонија и запознавање со новоназначеното одбранбено аташе, полковник Бранислав Пилиар.
На средбата генералот Величковски се заблагодари на полковник Виставел за досегашниот негов ангажман во унапредување на билатералните односи помеѓу двете пријателски армии, воедно на новоназначеното воено аташе полковник Пилиар му посака успешно извршување на задачите на новата должност.
Во разговорот беа нагласени пријателските односи помеѓу армиите на Република Словачка и Република Македонија и заемните заложби за понатамошно унапредување на билатералните односи во областа на одбраната.
Претходно одбранбените аташеи беа примени од заменик министерот за одбрана Иљми Селами.
Република Словачка во 2006 година за првпат назначи одбрамбено аташе за Република Македонија кој е нерезидентен и со седиште во Белград, Р.Србија, од кога преку средби и контакти започна да се интензивира и билатералната одбранбена соработка пред се во областа на обуката, военото образование и размена на експертски искуства.