По повод навршувањето на осум години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ, на спомен обележјето кај катлановско Блаце положија венци со свежо цвеќе, министерот Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај заедно со делегации на: Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Здружената оперативна команда на АРМ, вбр, Првата механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр.
Почит на загинатите со едноминутно молчење и венци со свежо цвеќе од страна на делегации од Здружената оперативна команда и Воздухопловната бригада беа положени и пред спомен обележјето пред командата на вбр и во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Осум годишнината од несреќата на армискиот хеликоптер беше одбележана и во кампот Бутмир, Сараево, каде нашите мировници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.
Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.