Во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија и Генералштабот на АРМ се доделија дипломи и сертификати на припадниците на МО и АРМ кои ги посетуваа Школата за национална одбрана, Командно штабната академија и курсевите по грчки јазик во изминатите години.
На доделувањето на дипломите присуствуваа началникот на Генералштаб на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски , заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Н.Е. Теохарис Лалакос и одбранбеното аташе на вооружените сили на Република Грција , полковник Николаос Армабацис.
Генералот Величковски во своето обраќање изрази благодарност за континуираната поддршка и продолжување на интензитетот со кој се развива меѓуармиската соработка, помеѓу двете армии.
Шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Н.Е. Теохарис Лалакос изрази задоволство од интересот за посетување на наставните програми и курсевите за изучување на грчкиот јазик.
Заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, изрази уверување, дека покрај обуката, соработката ќе се интензивира и во останатите сегменти на одбраната.