Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во рамките на Планот за обиколка на командите и единиците на АРМ, по неговото стапување на должност НГШ на АРМ, во текот на денешниот ден изврши обиколка на единиците стационирани во касарната „Илинден“ во Скопје.
Во рамките на посетата на касарната „Илинден“, командантот на полкот за специјални операции, бригаден генерал Методија Хаџи Јанев и командантите на единиците на АРМ, стационирани во касарната, го запознаа НГШ на АРМ за состојбата, тековните задачи, плановите за обука и актуелната состојба во нивните состави.
Генералот Ѓурчиновски им оддаде признание за досегашните постигнати резултати на овие единици, како и за напорите за подобрување на функционалноста и извршување на задачите.
Во касарната ,,Илинден“ се лоцирани повеќе единици од состав на полкот за Специјални Операции, кој е команда на гарнизон, единици од составот на Здружената Оперативна Команда и баталјонот за почести.
Во следниот период, согласно планот за обиколка, генералот Ѓурчиновски ќе ги посети и останатите гарнизони каде се стационирани првопотчинетите команди единици на АРМ, со цел директно запознавање со актуелните состојби и потребните мерки кои е потребно да се преземат со цел подобрување на состојбата.
ТЈ