Во период од 10.12. до 14.12.2018 година, во хотел „Холидеј Ин“ се реализираше втората регионална работилница за вежбата „REGEX-19“. На истата учествуваа претставници од 15 држави партнер земји и претставници од командата на Здружени сили на НАТО од Неапол.
За време на отворањето на работилницата, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски во своето обраќање ги поздрави учесниците на работилницата, даде насоки и им посака успешна работа. На работилницата се реализира вториот дел од курсот за планирање на вежби според НАТО директивата 75-3, а потоа се продолжи со развивање и презентирање на спецификацијата на вежбата.
Во текот на истата беше реализиран и културен ден при што беа посетени Шарената џамија во Тетово и Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Вежбата има за цел оспособување и извежбување на штабниот персонал за работа во мултинационална средина, планирање и водење на мировни операции со мандат на ОН и предводени од НАТО како операции за поддршка на цивилните структури. Истата ќе се реализира во Велес во месец октомври 2019 годинана.
ТЈ/ИЦ/ЧС/НЈ