Тимови од составот на баталјонот за Специјални намени, Единицата за Брзо Распоредување и Единицата за Специјални Задачи – Тигар, заедно со инструкторски тим од морнаричките фоки од Армијата на Соединетите Американски Држави реализираа експертска обука.
Обуката се реализираше во периодот од 17 до 21.12.2018 година на полигоните во касарната „Илинден“, касарната „Ѓорче Петров“ и Армискиот Полигон „Криволак“. За време на обуката тимовите се запознаа со најновите тактики, техники и процедури од процесот на планирање, медицинската обука, реализацијата на снајперски задачи, борба во урбана средина итн.
Како круна на петдневната обука беше реализацијата на заедничка завршна вежба во која беа опфатени сите елементи од експертската обука.