Најдобрите светски борачи на 31-то Светско воено првенство
На вториот ден од 31-то Светско првенство во борење борбите станува се поинтересни. Квалитетот на ова светско првенство го потврдува и фактот дека на оваа првенство учествуваат повеќе натпреварувачи кои се носители на медали од Олимписки, светски и Европски првенства. Нивните достигнувања беа потврдени и на денешните натпревари. Со дел нив имавме можност да оствариме разговор каде ги споделија нивните искуства, впечатоци и видувања за ова првенство.
Бразилската натпреварувачка Алине де Силва учесничка на последната Олимпијада во Рио напомена дека на ова првенство очекува бразилската екипа да освои што е можно повеќе медали и со тоа да го подигне рангирањето на светската боречка листа. Алине де Силва напомена дека помеѓу олимписките игри кои се сметаат за најистакнат спортски натпревар и 31-то светско воено првенство во борење нема значителна разлика и дека нивото на подготвеност и квалитет на борачите кои учествуваат е приближно ист. Голем дел од натпреварувачите кои Де Силва ги сретна на Олимписките игри со дел од истите има можност да се види и дружи на ова првенство. Пријателството низ спортот продолжува да живее.
Едно од позвучните имиња кои настапија на денешните борби е секако Моника Михалик од Полска која е носител на бронзен медал во категорија 63 килограми на Олимпијадата во Рио. Таа е добитничка на повеќе Национални и меѓународни одликувања, а воедно девет пати е државен првак на Република Полска. Нејзините очекувања од ова 31 светско првенство во борење да се пласираат што повисоко иако натпреварите на кои учествуваат се исклучително тешки и неизвесни.
Ова 31 светско воено првенство во борење на Македонските репрезентативци им овозможува да стекнат пријателства со борачи од цел свет а воедно да се стекнат со непроценливо искуство и да учат од најдобрите во овој спорт.
Во завршницата на првиот ден од 31-то светско првенство во борење македонскиот боречки тим се закити со првата медал на ова првенство. Репрезентативката Дејкоска Маја го освои третото место во категорија 58 килограми жени – слободен стил.
Маја со борењето започнува да се занимава од 2011 година и има учествувано на неколку интернационални натпреварувања во Србија, Бугарија, Унгарија итн. Има постигнато значителни резултати и на Европското Првенство во 2013 година кое се реализираше во Македонија. Нашата репрезентативка е убедена дека Македонскиот боречки тим ќе освои уште некое одличје во наредните денови.