Припадниците на полкот за Специјални Операции (пСО) на ден 12.02.2019 година реализираа марш во реонот на Кокино. Маршот беше реализиран како дел од одбележувањето на јубилејот 25 годишнината од формирањето на силите за специјални операции.
Маршот кој го реализираше командата на пСО покрај одржувањето и подигнувањето на психофизичката спремност имаше за цел и осознавање на одредени културни и историски вредности кои се наоѓаат на терените кои се поминуваа во склоп на маршот. Маршот се реализираше во реонот на планината Козјак, а во склоп на активноста беа посетени црквата Св. Ѓорѓија, локалитетот Кокино, како и Меморијалниот центар на АСНОМ – Пелинце.