Денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста командант на 4.мпб од потполковник Боро Латкоски ја прими потполковник Горан Трајаноски, кој досега ја извршуваше должноста командант на 2.логистички баталјон во гарнизонот Кичево.
На свеченоста присуствуваа командантите на единиците од составот на 1.мпбр, претставници од локалната самоуправа во зоната на одговорност со кои 4.мпб има долгогодишна соработка.
На свеченоста со свои говори се обратија командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, кој се наврати на досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот командант и новопоставениот командант. Досегашниот командант на 4.мпб, потполковник Боро Латкоски се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста. Новопоставениот командант потполковник Горан Трајаноски се заблагодари за довербата која му е доверена на биде командант на 4.мпб и истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата. Од припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачен плакета со лого на единицата.
Во текот на свеченоста се изврши официјално примопредавање на должноста како и свечениот чин примопредавање на военото знаме на единицата, на крај на свеченоста следеше воено дефиле на потчинетите единици на 4.мпб.
ЈВ/ГЃ/ЧС/БН