Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и генералите во Армијата на Република Македонија остварија работна средба со поранешните началници на генералштабот и пензионираните генерали на АРМ.
Цел на оваа работна средба која се одржува традиционално на крај од годината е информирање за реформските процеси во АРМ, понатамошните планови и активности за следната година, како и размена на конструктивни мислења, ставови и сугестии за актуелни прашања поврзани со функционирањето на АРМ.
На средбата присуствуваа поголемиот број на пензионираните генерали на АРМ кои го имаат дадено својот придонес во изградбата, функционирањето и сегашната поставеност на Армијата на Република Македонија.