По повод одбележување на 20 Мај, Денот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) се одржаа повеќе активности меѓу кои крводарителна акција, натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач и спортски натпревари во дисциплините: фудбал, кошарка, пинг-понг и шах.
На ден 15.05.2019 година се одржаа натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач во касарна „Гоце Делчев“, во Техничкиот Ремонтен Центар и касарна „Илинден“ во Скопје.
На натпреварот за најдобар готвач во жирито за избор на најдобар готвач беа присутни и познатите шеф Марк де Јонг и шеф Никола Мишковски, притоа за најдобри готвачи беа прогласени готвачите од 3.логистички баталјон (3.лб).
Во натпреварите во фудбал прво место освои екипата на 2.лб, а второто и третото место ги освоија екипите на 3.лб и командата на брЛП. На натпреварот во кошарка првите три места беа поделени помеѓу екипите на 1.лб, 2.лб и Командата на брЛП. Во натпреварот во пинг-понг прво место освои екипата на Центарот за снабдување и транспорт (ЦСТ), а второто и трето место ги освоија екипите на 1.лб и 2.лб. Кај натпреварите во шах, победници беа екипата на 2.л, второто место го освои ЦСТ и третото беше освоено од екипата на 1.лб. Со масовното учество во спортските активности се промовира здравиот живот, пријателството и психофизичката кондиција, како значаен сегмент во изградбата на Армијата.
На 20-ти мај, на одбележувањето на Денот на брЛП, ќе бидат доделени признанија и дипломи на најдобрите учесници.
ЗВ/ЛС/ЧС/ОЈ