Денес, во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон (тб), одбележаа 18 години од загинувањето на своите припадници во конфликтот во 2001 година.
Денот на загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џељадиновски беше одбележан со полагање на свежо цвеќе пред спомен плочата, поставена во кругот на касарната „Чојлија“, од страна на делегација на 1.механизирана пешадиска бригада, делегација од бригадата за логистичка поддршка, делегација од претставници на пензионирани старешини припадници на тб, воени ветерани, семејствата на загинатите како и делегација од ОУ „Синиша Стоилов“ с.Зрновци- Кочани, кое го носи неговото име и го одбележува како патронат на училиштето.
Командантот на тенковскиот баталјон, потполковник Зоран Стојановски, во својот пригоден говор меѓу другото истакна дека поменот за загинатите припадници претставува обврска која припадниците на тенковскиот баталјон и Армијата ја чувствуваат како долг кон своите колеги, кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината, одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Горди се што во своите редови имаат така храбри, одважни и доследни колеги и соборци, на кои што вечно ќе се сеќаваат.
ГЃ/БН