Денес во касарните „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, „Боро Менков“ во Куманово и ГОБ „8-ми Септември“- Скопје во пресрет на 18 Август, Денoт на Армијата, се реализираа крводарителни акции.
Крводарителните акции беа во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и ГОБ „8-ми Септември“- Скопје. Во двете акции учество зедоа вкупно 71 припадници на Армијата од гарнизоните Петровец, Куманово и Скопје.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот Крст уште еднаш ја искажаа својата благодарност кон припадниците на Армијата од подарените 71 крвни единици.
Крводарителни акции се планирани да се реализираат и во наредниот период.
ГЃ/ЧС/НЈ