Во период од 16-20.09.2019 година, од касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се изврши пребазирање на дел од воздухопловната бригада (вбр) на армискиот полигон во Криволак по воздушен пат со два хеликоптери Ми-8/17, еден хеликоптер Ми-24, а останатиот технички персонал со моторни возила.
По сместувањето на единиците и преземените неопходни подготовки за летачката обука, се премина кон извидување на реон за работа од воздух. Во текот на летачката обука се изведуваа повеќе вежби како: барање и спасување, инфилтрација, ексфилтрација и други активности во кои активно учество земаа и припадниците на водот за специјални намени од составот на четата за поддршка при воздухопловната бригада.
По завршување на секоја активност се вршеше анализа на истата, увид во грешките и давање на насоки за подобрување со цел поквалитетно и побезбедно извршување на задачите.
Исто така, вбр со еден хеликоптер Ми-8/17, активно учествуваа на вежбата “Национален одговор 2019”.
ГИ/БР/ЧС/НЈ