Во периодот од 6 до 7 ноември претставници од штабот на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) предводена од командантот на СЕЕБРИГ, бригаден генерал Тудорика Петраче изврши извидување на објектите во касарната „Боро Менков“ во Куманово и посета на инженерискиот вод во касарната „Илинден“ во Скопје и механизирана пешадиска чета во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Беше извршена евалуација на инженерискиот патен вод од составот на инженерискиот баталјон како и на механизираната пешадиска чета од составот на 1. механизиран пешадиски баталјон. Делегацијата беше запознаена со организацијата, формациската структура, мисијата како и обуките кои се изведуваат од декларираните единици во СЕЕБРИГ.
Во рамки на посетата командантот на СЕЕБРИГ оствари средба со командантот на Kомандата за операции (КО), генерал-мајор Павле Арсоски на која што беа разменети мислења за начините на идната соработка помеѓу КО и командата на СЕЕБРИГ. Во рамки на посетата на гарнизонот Куманово делегацијата изврши извидување на објектот за сместување на командата на СЕЕБРИГ 2020-2026 во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
БН