Денес во касарната „Јане Сандански“ во Штип со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 2. пешадиски баталјон (2.пб), од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр). Должноста командант на 2.пб од потполковник Мирче Тасев ја прими потполковник Стојанче Костов. Потполковникот Костов, на ден 11.11.2019 година со воена свеченост ја предаде должноста командант на 1. пешадиски баталјон.
На денешната свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, заменик командантот на 1.пбр потполковник Васко Коколански, началниците на секции од команда на бригадата, команданти на единици од составот на 1.пбр и останати гости.
Со свои говори на свеченоста се обратија заменик на командантот на 1.пбр, потполковник Васко Коколански, кој се наврати на досегашните активности кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот командант и новопоставениот командант. Досегашниот командант на 2.пб, потполковник Мирче Тасев се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста, додека новопоставениот командант потполковник Стојанче Костов се заблагодари за довербата која му е доверена на биде командант на 2.пб и истакна дека крајно совесно и одговорно ќе командува со единицата.
Од припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачена плакета со лого на единицата.
Свеченоста заврши со свечен чин на примопредавање на военото знаме на единицата.
ДЈ/ГЃ/ЧС/БН