Во период од 12 до 16.05.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево ќе се реализира ситуационо-тактичката вежба на терен „Брз Рис 14“. На вежбата е планирано самооценување Ниво 2 на механизираната пешадиска чета во улога на чета за заштита на силите за борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2).
Во текот на денешниот ден во Кичево се реализираше воена свеченост на која командантот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), бригаден генерал Павле Арсоски официјално ја прогласи вежбата за отворена.
Исто така денеска во Куманово и Петровец се реализираа состаноци на командантот на ЕУБГ 2014-2 од Армијата на Кралството Белгија полковник Филип Буке, со заменикот на командантот на здружена оперативна команда бригаден генерал Мухамет Рацај и со командантот на 1.мпбр.
Главна цел на вежбата е создавање на реални услови во согласност со тековните безбедносни предизвици за промовирање на борбената готовност на механизираната пешадиска чета. Вежбата представува подготовка за учество на вежбата „Брз Лав 2014“ на која ќе се реализира оценувањето на борбената група на Европската Унија во период од 02-13.06.2014 година во Белгија на која ќе учествува и декларираната чета ЕУБГ на АРМ.
Вежбата создава опружување кое обезбедува услови за презентирање на способноста за исполнување на доделената мисија од страна на декларираната единица и нејзина способност за непречена интеграција во состав на операции предводени од ЕУ.