На, 14 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево, во рамките на вежбата „Брз Рис 14“ започна Самооценувањето Ниво 2 на чета за заштита на сили (чЗС) ЕУБГ 2014-2.
Активностите започнаа со брифинзи од страна на командирот на чЗС ЕУБГ 2014-2, директорот на тимот за оценување и директорот на вежбата на командантот на ЕУБГ 2014-2 полковник Филип Буке од Армијата на Кралството Белгија на кои беше извршено запознавање со спецификацијата и планот на вежбата.
За време на посетата командантот на ЕУ БГ ги обиколи и детално се запозна со состојбата во четата како и со формираните команди за реализација на вежбата.
По предавање на рапорт од страна на командирот на четата на лидерот на оценувачкиот тим започна и инспекција на опремата, магацините и работните простории на четата. Пред ЧЗС чета и се обрати и полковникот Буке при што изрази благодарност до АРМ за придонесот во формирањето на борбената група. Исто така истакна дека искуството стекнато при извршуање на операции за поддршка на мирот во Авганистан се добродојдени и му дават уште поголема доверба за извршување на евентуалната мисија.
Вежбата ќе продолжи со издавање на Фрагментарна наредба на командирот на четата, со што единицата ќе ја запоседне предвидената база каде во наредниот период ќе се обезбедува командата на ЕУБГ, решавајќи повеќе настани и инциденти.
Оценувањетo ќе продолжи и во наредниот ден според планираното сценарио.