Во рамките на организацијата на спортски натпревари за избор на спортски екипи и поединци, по повод Денот на АРМ, на ден 04.07.2014 година во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово беа организирани натпревари во мал фудбал, одбојка, кошарка, шах и пинг-понг.
Спортските игри ги отвори Командантот на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Павле Арсоски, кој истакна дека спортот е промовирање на здравје, на физичка кондиција и на пријатно чувство низ активностите достапни за секого и предуслов за постигнување на врвни натпреварувачки резултати.
Иако на овие натпреварувања во преден план беше другарувањето и спортувањето, а резултатите беа од втор план, натпреварувачкиот дух не изостана.
Првите места ги освоија: во мал фудбал – екипата од ВП 7925/13 Штип, во кошарка-екипата од ВП 7925/19 Тетово, во пинг-понг, екипата од ВП 7925/13 Штип, во одбојка, екипата од ВП 7925/19 Тетово и во шах, екипата од ВП 7925/07 Куманово. За најуспешните екипи кои го освоија првото место на спортските игри, организаторот на ова натпреварување им додели дипломи на завршната свеченост.
Победничките екипи и најдобрите поединци од бригадата ќе земат учество и ќе ја претставуваат 1.мпбр на натпреварите на ниво на Здружената оперативна команда, за понатамошен избор за најдобри екипи за финалните натпревари на ниво на АРМ кои традиционално се оддржуваат секоја година по повод 18-ти Август „Денот на АРМ“.