На ден 09.07.2014 година во базата на Главниот Штаб на ИСАФ на свечена церемонија од страна на командантот на командата за поддршка на базата полковникот Пол Џонсон, на најстариот национален претставник, командантот на контингентот и на главниот наредник им беа доделени медали на Соединетите Американски Држави “Медал на американската кампања во Авганистан”.
Воедно на целокупниот персонал од контингентот се доделија сертификати за покажаните извонредни резултати во текот на извршувањето на мировната мисија во Авганистан во периодот од јануари до јули 2014 година.
На церемонијата покрај клучниот персонал од командата за поддршка на базата присуствуваа и претставници од контингентите на Република Хрватска и Република Албанија.
Претходно како благодарност за постигнатите резултати, од страна на Началникот на Штаб на мисијата ИСАФ генерал потполковникот Кенан Хасаноглу на најстариот национален претставник, полковникот Азим Нуредин и командантот на македонскиот контингент, потполковник Блаже Николовски им беа вречени соодветни признанија и писма на благодарност при што беше нагласена одличната работа на македонскиот контингент.