Во касарната “Јане Сандански” во Штип, со воена свеченост припадниците на 2.пешадиски баталјон и останатите единици од касарната, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, го одбележаа 22 април, патрониот празник на касарната.
На одбелжувањето присуствуваше делегација од Командата за операции предводена од полковник Сашо Ивановски, заменик на командантот на 1.пбр полковник Васко Коколански и градоначалникот на општина Штип д-р Сашко Николов, кои со полагање на свежо цвеќе му оддадоа почит на големиот македонски револуционер и војвода Јане Сандански.
Пригоден говор одржа командантот на 2.пб потполковник Стојанче Костов, кој се осврна на ликот и делото на Јане Сандански, истакнувајќи дека со одбележувањето секоја година придонесуваме неговото име и дело да останат во сеќавањата на идните генерации.
По повод овој ден, претходно беа спроведени крводарителска акција во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија и хуманитарна акција од вработените во касарната „Јане Сандански“, во која беа доделени хуманитарни пакети со облека и прехранбени продукти на Црвениот крст-Штип за социјално ранливите категории на граѓани, Дневениот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост и аутизам, Малиот групен дом за деца без родители и паралелките за деца со посебни потреби при ОУ „Ванчо Прке“- Штип.