Резидентните и нерезидентните одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија од вкупно 11 земји, врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија, на ден 24.09.2014 година престојуваа во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
На одбранбените аташеа им беше посакано добредојде од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски и беше прикажана презентација за 1.мпбр. Одбранбените аташеа беа запознаени со: структурата, мисијата, задачите, персоналната и материјална пополнетост, трансформацијата на единицата и идните предизвици.
На крајот од посетата беа реализирани методско показни вежби „Контролна точка“ и „Ослободување на заложник“ од страна на припадниците на 2.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.мпбр.