Денес, 10-ти октомври 2014 година во касарната „Боро Менков“ во Куманово се реализираа спортски натпревари како една од активностите кои се предвидени согласно програмата за одбележување на Денот на Здружената оперативна Команда (ЗОК) кој со воена свеченост ќе се одбележи на ден 17.10.2014 година.
Спортските натпревари во дисциплините: мал фудбал, шах и пинг понг ги отвори и им посака успех во натпреварувањата, началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Стојан Димчов.
Во натпреварите во мал фудбал покрај екипите составени од припадниците на ЗОК и единиците сместени во касарната, учествуваа и екипи од СВР Куманово, Противпожарната територијална единица на град Куманово, Општа болница Куманово ЈЗУ и од Фабриката за заварување на цевки „11 Октомври“ АД.
На најдобрите екипи и поединци ќе им бидат доделени дипломи на одбележувањето на денот на ЗОК.
Со одлука на претседателот на Република Македонија 17.октомври е определен за ден на Здружената Оперативна Команда како спомен на одбележување согласно традициите на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата на Република Македонија.