Како дел од обуката на персоналот од Армијата во областа на стандардизацијата во НАТО, која е дел од билатералната соработка со Вооружените сили на Република Грција, во период од 22-24.09.2021 година во Скопје се одржа дополнителен модул на обука, кој воедно е завршен за оваа година, чиј фокус беше насочен на процесот на развој на НАТО доктрините.
Обуката која се изведува во континуитет од 2019 година и овој пат ја реализираше мобилен тренинг тим во непосредна координација помеѓу секцијата за планирање во Генералштабот и директоратот за планирање на Генералштабот на националната одбрана на Република Грција. Наставните содржини за време на обуката која се изведува во повеќе модули се дизајнирани според потребите на Армијата на Република Северна Македонија за извршување на потребните активности кои се спроведуваат во процесот на стандардизација, согласно НАТО.
На крајот од модулот, од страна на бригаден генерал Симеон Трајковски и одбранбеното аташе на Република Грција, полковник Георгиос Акриотис на учесниците им се доделија сертификати за учество.