Екипа од составот на Армијата на Република Северна Македонија во период од 27 септември до 1 октомври учествуваше на ,,12. Футсал Куп за мир “. На регионалниот воен турнир кој по дванаесетти пат се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, учествуваа екипите за футсал од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
На финалниот натпревар од дванаесеттиот „Куп за мир“, екипата на Вооружените сили на Босна и Херцеговина го освои првото место, второто место го освои екипата на Р. Хрватска, а третото екипата на Р. Србија. Од нашата екипа професионален војник Антонио Димовски е прогласен за најдобар стрелец, со постигната 6 голови.
Ова натпреварување во футсал помеѓу армиите од регионот е дванаесетто по ред и се организира под покровителство на Меѓународниот совет за воени спортови (МСВС), а иницијативата за негово одржување за прв пат е покрената на четвртите Воени олимписки игри во Индија во 2007 година, во рамките на семинарот ,,Спорт за мир“. Армијата е полноправна членка на МСВС од 2005 година, кога во Брисел, каде се наоѓа штабот на оваа организација е примена како 127 членка, од вкупно 140 членки – армии од целиот свет.
Првиот ,,Футсал куп за мир“ е одржан во 2009 година, кога домаќин беше Војската на Србија, додека Армијата на Република Северна Македонија беше домаќин во 2013 и 2019 година.