Во период од 18 до 22.10.2021 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од COVID-19, продолжи планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“, преку реализација на Иницијална планирачка конференција (ИПК).
На отворањето од планирачката конференција, директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки ги нагласи главните приоритети за оваа фаза од планирачкиот процес.
За време на конференцијата тимот за планирање на вежбата работеше на:
- Иницијална идентификација на персонал за Контрола на вежбата (EXCON);
- Првична идентификација на Листите на главни настани;
- Идентификација на потребите и побарувањата кон командите и единиците од Армијата кои ја поддржуваат вежбата;
- Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука.
Во рамките на ИПК беше реализиран работен состанок помеѓу претставници од тимот за планирање на вежбата, претставници од тимот кој ќе го реализира оценувањето и претставници од Директоратот за оценување од Армијата на Република Грција, на кој гостите беа запознаени со текот на планирачкиот процес, а од нивна страна беа изнесени искуства од досегашните оценувања по CREVAL на единици од грчката армија.
Оценувањето на декларираниот лесен пешадиски баталјон (лпб), ќе биде реализирано согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО (CREVAL).
ЈМ/ЗС