Во периодот од 15.11. до 19.11.2021 година, во Кампот за обука „Пепелиште“ беше реализирана rаботилница за изработка на концептот за операции „CONOPS“ за вежбата „Блесок 22“ (Б 22).
На самото отворање на работилницата, директорот на вежбата потполковник Зоран Сумрачки го истакна значењето на документите изработени за вежбата, во чии рамки ќе биде реализирано оценување на декларираниот лесен пешадиски баталјон (лпб) согласно Стандардите за оценување на борбената готовност на НАТО (CREVAL).
За време на работилницата беа изработени следните документи:
- Преглед на документите од стратегиската иницијација;
- Анализа на мисијата;
- Опции за воен одговор;
- Одлука на Командантот на Здружените сили за задача;
- Идентификација на персонал за Контрола на вежбата (EXCON);
- Идентификација на Листите на главни настани;
- Идентификација на потребните побарувања кон командите и единиците од Армијата кои ја поддржуваат вежбата;
- Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука.
Во рамките на работилницата беше реализирано и извидување од страна на логистичките елементи од вежбата за утврдување на реалните капацитети за сместување на персоналот кој ќе учествува на вежбата.
Планирачкиот процес за вежбата „Блесок 22“ продолжува во месец декември со реализација на Главната планирачка конференција за вежбата.
ЧС/ЗС