Денес, 25 февруари 2015 година во кругот на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, беше одбележан патрониот празник на касарната и 71 годишнината од загинувањето на Народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.
На одбележувањето на патронатот беа присутни бројни гости и претставници од јавниот и политичкиот живот, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации од општината кои со своето присуство му дадоа значење на настанот.
„Во Македонскиот национален фронт треба да стапат сите чесни Македонци, без разлика на досегашната определба, народност, вера и пол“, зборовите на херојот беа завршни зборови од рефератот кој на денешната церемонија беше прочитан пред присутните.
По ова следеше свечен говор од страна на командантот на 3.механизиран пешадиски баталјон, интонирање на химната на Република Македонија и одавање на почит кон херојот со едноминутно молчење и полагање на свежо цвеќе на бистата на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.