Денес 26.02.2015 година (четврток) во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти Февруари, Денот на единицата.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум со кој се одбележува значаен историски настан, поврзан со денот на формирањето на третата Македонска ударна бригада, а врз кој аедно со други важни датуми од историјата, се темелат традициите на АРМ.
Командантот на 1.мпб со пригодно обраќање даде краток осврт на историскиот развој на 1.мпб кој претставува продолжување и негување на традициите на третата Македонска ударна бригада. Тој истакна дека припадниците 1.мпб се горди на постигнатите резултати, препознатливи по својата вредна и пожртвувана работа, секогаш подготвени и обучени да помогнат.
На свеченоста присуствуваа: заменик на началникот на ГШ на АРМ, заменик на командантот на ЗОК, командантот на 1.мпбр, претставници од Сојузот на борците, команданти на бригади и баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата како и претставници од локалната самоуправа, јавни и приватни претпријатија и други гости.
По повод одбележување на 26-ти Февруари, Денот на единицата во рамките на прославата се изврши полагање свежо цвеќе од страна на делегација од АРМ пред спомен плочата во с. Жегљане и пред бистата на Народен Херој „Боро Менков“ во кругот на касарната.
По завршување на официјалниот дел, пред присутните беше презентиран дел од вооружување, опремата и возилата со кои располага единицата.