Во период од 18 до 19 март инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ изврши обиколка на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици на ЗОК.
Инспекцискиот тим составен од припадници на Вооружените Сили на Република Австрија и Република Словачка, придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерството за Одбрана на Република Македонија се запозна со состојбата во единиците согласно одредбите на специфираната област.
На ден 18. март тимот престојуваше во ЗОК и Резервните сили во гарнизонот Куманово, а потоа продолжи во 1 механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и воздухопловната бригада во гарнизонот Петровец. На 19-ти март изврши обиколка на бригадата за логистичка поддршка во Скопје и на артилерискиот баталјон од составот на 1.мпбр во Прилеп.
За време на обиколката инспекцискиот тим од страна на клучниот персонал во ЗОК и потчинетите единици се запозна со историјата, мисијата, организациско формациската структура, како и со персоналната и материјална состојба во единиците.
Целта на овие посети е размена на податоци и градење на доверба помеѓу членките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, и зголемување на транспарентноста на конвенционалните сили.