На ден 08.05.2015 година во касарната „Чојлија“ во Петровец, со постројување на припадниците од четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда, се одбележа 9 мај, Денот на единицата.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили 9 мај е одреден за Ден на чАБХО и носител на традицијата на денот на приемот на првата класа на регрути од родот АБХО.
Пред стројот на четата беше прочитана честитка од Началникот на ГШ на АРМ до припадниците на четата како и стимулативни мерки по повод денот на единицата.
Во досегашниот период четата со свои припадници учествувала на многу вежби во земјата и странство, методско нагледни вежби и предавања во АРМ и во останати државни институции и се одликуваат со голема професионалност и високо ниво на обученост.
Основна мисија на Четата АБХО е обезбедување на висок степен на обученост и извршување на задачи за АБХ поддршка на единиците на АРМ и останати државни институции.