Во деновите 21 и 23.11.2022 година во посета на Командата за операции (КО), командата и штабот на прва пешадиска бригада (1.пбр) и воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) присуствуваа воени претставници од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Во состав на делегацијата од Амбасадата на САД покрај одбранбеното аташе на САД во Р.С. Македонија полковник Мајкл Тракинто, присуствуваа и воздухопловното одбранбено аташе на САД, потполковник Ерик Густафсон и потполковник Шон Рафало.
Посетата е дел од билатералната соработка, при што претставниците од САД најпрвин беа примени од страна на командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски.
Во продолжение на посетата беа одржани презентации за единиците, структурата и капацитетите на командите и единиците, процесот на трансформација и модернизација и процесот на интероперабилноста со НАТО и можноста да продолжи воената соработката со цел размена на искуства на нашите единици и ВС на САД преку обуки и вежби од сите облици како и за воздухопловите кои ги поседува вВИНГ.
На крајот од посетата за гостите во вВИНГ беше организиран краток ТТ збор на дел од опремата од составот на хеликоптерскиот сквадрон и школата за пилоти во вВИНГ, во која гостите имаа можност поблиску да се запознаат со состојбата и капацитетите на истите.