На ден 11.05.2015 година во одделението за медицинска обука во состав на Воено-медицискиот центар, се одржа натпревар за избор на најдобар болничар од состав на бригадата за логистичка поддршка (брЛп).
Изборот на најдобар болничар се спроведе како дел од планираните активности по повод 20 мај – Денот на брЛп, на кој учествуваа припадници од бригадата кои се поставени на должноста-болничар во воените амбуланти од гарнизоните на АРМ.
Оценувањето се одвиваше на следните работни точки : СБО (срцевобелодробно оживување), хемостаза ( запирање на крварење), имобилизација на екстремитети и рбетен столб.
Комисијата, составена од сертифицирани инструктори ја следеше правилната употреба на процедури и постапки при пружањето на прва медицинска помош, која доколку е дадена на време спасува живот.
За најдобар болничар е избран десетар Јовица Николовски од составот на Воената амбуланта во Тетово, кој покажа високо ниво на знаење и вештини, неопходни да се сочува животот на повредениот.