Во период од 03 до 06 март 2023 година, во Домот на Армијата во Скопје, во соработка помеѓу Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и одделението за воена соработка со Вооружените сили на САД се реализираше семинар од областа на Цивилно воена соработка (ЦВС) на тема „Тим за цивилно воена соработка низ Спектрумот на унифицирани копнени операции“.
На семинарот беа 24 припадници од генералштабот, потчинетите команди и единици на Армијата, додека предавачи на семинарот беа тим од стручни лица од областа на ЦВС од Командата на Армијата на САД за Европа и Африка.
На семинарот, беа разработени повеќе теми меѓу кои и запознавање со „Спектрум на унифицирани копнени операции“, отпорноста наспроти цивилната подготвеност, се разработи и процесот на проектниот менаџмент на тактичко и стратегиско ниво како и практични вежби во делот на проектниот менаџмент.
Овој семинар претставува дел од активностите организирани од страна на Командата на Армијата на САД за Европа и Африка кој е фокусиран на сегментот на ЦВС со цел зајакнување на стручноста и усовршување на армиските припадници во оваа област, како и начинот на изведување на ваквите активности во ЦВС тимови во мултинационални средини за поддршка на мировни операции и меѓународни вежби.
На завршниот ден од семинарот, со пригодна свеченост на учесниците на семинарот им беа доделени сертификати за учество на семинарот.
ЗВ