На 22.05.2023 година, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Бесник Емини присуствуваше на свеченоста по повод отварање на вежбата ,,Defender Europe 23” која се одржа на плоштадот ,,Мајка Тереза” во Тирана, Република Албанија. Вежбата се реализира во период од 22.05.2023 до 23.06.2023 година.
Вежбата ,,Defender Europe 23” е мултинационална заедничка вежба предводена од командата на САД за Европа, која се реализира преку три меѓусебно поврзани вежби во рамки на истата (,,Immediate Response 23”, ,,Swift Response” и ,,Saber Guardian”) и истата е дизајнирана да изгради подготвеност и интероперабилност помеѓу сојузниците и земјите членки на НАТО.
Во рамки на посетата, бригаден генерал Бесник Емини оствари средба и со припадниците на Армијата кои учествуваат на вежбата ,,Immediate Response 23”, во Р. Албанија.
Армијата на Република Северна Македонија во рамките на вежбата ,,Immediate Response 23” учествува со свои сили во Република Северна Македонија на Армискиот полигон Криволак, како и во Р. Албанија, во Р. Косово, во Р. Хрватска и Р. Словенија.
ЧС