Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини учествуваше на 30-тата Конференција на Европските Армии (CEA) во Гармиш Партенкирхен, СР Германија во периодот од 21.-23.06.2023 година.
Конференцијата е во организација на Армијата на САД во Европа и Африка под раководство на командантот на оваа команда, генерал Дарил А. Вилијамс, а на неа учествуваат највисоки воени раководители од земјите членки на НАТО и партнерските нации.
Целта на конференцијата беа разговори за идната улога на копнените сили за одвраќање и одбрана на Евро-Атланската област (Future role of land forces in the deterrence and defense of the Euro-Atlantic Area).
ЧС