Врз основа на календарот за обука на Генералштабот, старешините и цивилните лица реализираа кондиционо рекреативен марш на релација од месноста „Кула“ до езерото Младост во близина на Велес. Ваквите активности на припадниците од Генералштабот кои согласно природата на работните задачи имаат поретка можност за физичка активност покрај одржување на кондицијата на потребно ниво претставува можност за размена на искуства со припадниците од потчинетите команди и единици кои се вклучени во поддршка на овие активности и се изведуваат во нивната зона на одговорност.