Главните подофицери од армиите на земјите членки на A-5 (САД – Јадранска Повелба), и заедно со своите колеги како набљудувачи од Словенија и Косово, како и Програмата за партнерство на Националната Гарда на САД во Скопје на 26.09.2023 година ја оддржаа 26та Конференција на Главните Подофицери на А-5 како поддршка на 26та Конференција на Началниците на Генералштабови на земјите членки на САД – Јадранска Повелба.
Конференцијата ја отвори Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, а ја водеа Главниот Подофицер на Армијата на Република Северна Македонија главен наредник Горан Ќирковиќ, Главниот подофицер на Европската команда на САД главен наредник Роберт Абернати и Главниот подофицер на Здружената Команда за Операции на НАТО главен наредник Кевин Матерс. Оваа конференција означи значајна пресвртница во нашите колективни напори да ги решиме итните прашања поврзани со информациската војна и зголемување на свесноста на нашите припадници во контекст на информациската безбедност.
Во однос на темата „Интензивирање на информациската војна и зголемување на свеста“, конференцијата ја претстави сеопфатната рамка која има за цел да ги интензивира иницијативите за информативното војување и да развие стратегии за создавање на високо кфалификуван и технолошки умешен Подофицерски Кор. Едногласно се прифати дека во денешниот меѓусебно поврзан свет, обучувањето на подофицерите како експерти за идентификување, ублажување и спротиставување на различните форми на информативна војна е од суштинско значење.
Една од клучните цели на конференцијата беше да се прошири разбирањето на информациското војување, да се поттикне поблиска соработка и да се зајакне интероперабилноста помеѓу земјите членки на А5. Тоа е непроценлива можност за поединци со различни профили и искуства да разменат знаења и да ги споделат најдобрите практики во меѓусебната соработка за дизајнирање на ефективни стратегии.
Со здружување на Главните подофицери од различни нации и Армии оваа конференција донесе плодна размена на идеи и ја постави основата за идните заеднички напори.Колективната посветеност за интензивирање на иницијативите за информациско војување и подигнувањето на способностите на нашиот Подофицерски Кор ја поставува основата за посилна и поотпорна Армија на сите закани од модерното војување.