Во период од 16 до 27 октомври во Командата за обука и доктрини во се реализираше курс за дизајнирање и менаџирање на обуката од страна на мешовит тим на инструктори од вооружените сили од Обединетото Кралство и Командата за обука и доктрини кој е дизајниран и развиен според утврдените стандарди за школување на кадрите од овој тип на земји членки на НАТО.
Целта на овој курс е оспособување на слушателите за анализа, дизајнирање, развој и раководење со обуката во единиците преку воспоставен системски пристап кон обуката во Армијата. Со овој курс офицерите и подофицерите ќе се стекнат со разни теми меѓу кои идентификување на улогата и одговорноста на командантите и командирите во обуката како и примена на ефективен организациски пристап на обучување, практична примена на стандардни оперативни процедури.
По завршувањето на курсот на слушателите им беа поделени сертификати од страна на советодавен тим од вооружените сили од Обединетото Кралство. На свеченоста по повод успешна реализација на курсот Командантот на Командата за обука и доктрини полковник Васко Коколански на слушателите од Армијата им додели сертификати и им посака успех во нивната понатамошна работа како и имплементирање на ново стекнатите знаења во нивните единици.