По повод одбележувањето на 3 (трети) март, Денот на општина Тетово, со почеток во 11.00 часот, во салата на општина Тетово, се одржа свечена седница на советот на општина Тетово каде што беа доделени плакати и признанија на сите оние кои дале свој придонес во афирмацијата на општина Тетово во текот на 2015 година.
На одбележувањето на Денот на општина Тетово, присуствуваше командантот на касарната „Кузман Јосифовски-Питу“, воедно командант на гарнизон Тетово, потполковникот Игор Спасеноски. На свечената седница, во експозето на г-ѓата Теута Арифи, меѓу другото, особено беше нагласен придонесот и поддршката што ја дадоа припадниците на АРМ во справувањето со поплавите што од 03 Август 2015 година, го зафатија тетовскиот регион.
Плакетата и признанието, во името на припадниците од АРМ вработени во гарнизонот Тетово, ги прими командантот на гарнизонот, потполковник Игор Спасеноски. Ова е доказ и уште една потврда со која се презентираат подготвеноста и решителноста на припадниците од АРМ во справувањето со последиците предизвикани од природни катастрофи и поддршка на населението во клучните моменти. Со ваквиот пристап, се оправдува високиот рејтинг и довербата која граѓаните ја имаат во АРМ.