Армијата по прогласување на кризната состојба и донесената одлука од Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се вклучи во гасењето на пожарите со ангажирани 100 припадници и два хеликоптери МИ 8/17. Согласно побарувањата од 18.јули покрај претходно ангажираните упатен е дополнителен персонал составен од 200 припадници кои се вклучија во гаснењето.
Нашите припадници од вториот и третиот пешадиски баталјон, како и од командата за обука и доктрини и воздухопловниот ВИНГ одговорно и пожртвувано се ангажираат во гасењето на пожарите на сите локации согласно побарувањата од страна на ЦУК и во непосредна координација со другите вклучени субјекти.
Притоа во досегашниот период беа ангажирани на сите оние локации кои беа карактеризирани како критични и на потешко пристапен терен. Во текот на денешниот ден согласно побарувањата и планот на ангажирање од ЦУК се ангажираат во гаснење на пожарите во с. Јаболчиште, с. Дреново врв Лисец (општина Чашка) и с. Драгоево, с. Селце, с. Пухче и с. Пиперево (Општина Штип), и Тажево, Македонски брод, додека со хеликоптерот о д воздух дејствуваме во реонот на општина Чашка, Габровник и Мокрени.
Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ во досегашниот период дејствуваа во гасењето на пожарите од воздух со исфрлени повеќе од 200 тони вода, но исто така оваа единица преку оперативниот центар помага во координирање на летачките активности на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора.
Исто така на Армискиот Полигон „Криволак“ ангажираниот персонал во реонот на полигонот ги ставија пожарите под контрола, а притоа одреден персонал е во постојана готовност и за многу кратко време може да биде ангажиран за заштита на виталните инфраструктурни објекти на полигонот доколку е потребно.
Обученоста на припадниците на Армијата за гасење на пожари е согласно плановите за обука каде сите единици во соработка со територијалните противпожарни единици спроведуваат противпожарна обука и ракување со противпожарни средства, гасење со цистерни и со други специјални средства кои ги имаат противпожарните единици а чија основна намена е справувањето со пожарите.
Опременоста на Армијата со противпожарни средства и опрема е согласно мисијата и задачите, при што нашите единици располагаат со основни противпожарни средства и опрема како напртњачи, метланици и други прирачни средства.
При ангажирањето во гасење на пожарите се почитуваат сите безбедносни процедури и се преземаат сите пропишани мерки за безбедност и лична заштита на припадниците на армијата.
Во досегашниот период на ангажирање благодарејќи на комуникациски и координативни вештини, Хиерархиската структура во комбинација со дисциплинираниот пристап и обемната обука и овозможуваат на Армијата да има драгоцена предност во гасењето на шумските пожари. Способноста беспрекорно да се интегрираат со други инволвирани субјекти значително ја подобрува ефикасноста во напорите за гаснење пожари.