Припадниците од 1.пешадиски баталјон, од 1.пешадиска бригада според побарувањата и потребите повеќе денови се ангажираат во гасење на огнените стихии во реонот на с. Брезница и с. Тажево.
Во текот на денешниот ден во овој реон се ангажирани 50 лица. Разните форми на изведувањето на противпожарната обука во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево, многу придонесоа персоналот да покаже високо ниво на обученост и професионализам при гасење на пожар во реални состојби.
Противпожарната обука во единиците на 1.пб се реализира пред почетокот на секоја летна сезона, кога реално постојат зголемени опасности од пожари.
ЏР/СН