Во пресрет на одбележувањето на 18. август – Денот на Армијата, припадниците од 1.пешадиска бригада (1.пбр) и останатите единици од Армијата сместени во касарните „Страшо Пинџур“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во соработка со Црвениот Крст и Одделот за трансфузиологија, реализираа акција за доброволно дарување на крв.
Припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа и потврдија својата хуманост на дело доброволно дарувајќи 57 крвни единици. Хуманоста е одлика на секој припадник на 1.пбр.
ГЃ/СЛ