Согласно на меморандумот за соработка на Министерството за Одбрана со Црвен Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина, во касарната „Јане Сандански“ во Штип се реализира акција за доброволно дарување на крв.
Со пораката „Вашата крв ќе спаси еден живот“, припадниците од 2 механизиран пешадиски баталјон (2.мпб) во состав на прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) на АРМ ја покажаа својата хуманост доброволно дарувајќи 50 крвни единици.
Во акцијата покрај припадниците од 2. мпб се вклучија и припадници од прв логистички баталјон (1.логб) кои се лоцирани во касарната во Штип.
Во рамките на оваа акција во текот на вчерашниот ден е реализирана акција и во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево, каде беа дарувани 64 крвни единици.