Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер и нерезидентното одбранбено аташе, полковник Валери Сенс, кој оваа должност ќе ја извршува од Тирана.
На средбата беше изразено уверување за продолжување на билатералната воена соработка, која е особено изразена на полето на воената едукацијата, како и за можностите за унапредување на понатамошните модалитети на соработка во областите од взаемен интерес.